Судот донесе времена забрана за продажба на книгата на Андов „До атентатот и по него“
Основниот суд Скопје-2 донесе одлука за времена мерка, забрана за продажба на книгата на Стојан Андов „До атентатот и по него“, по тужбата на Љубомир Фрчкоски за повреда на неговите лични права, односно за клевета во врска со атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров.
Судот донел решение дека во книгата се имплицира вмешаност на поранешниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски во атентатот на Киро Глигоров, поради повреда на личните права на тужителот.
Авторот на книгата, кој е и поранешен претседател на Собранието Стојан Андов, во изјава за медиумите вели дека ова преставува преседан и е првпат суд да налага забрана за продажба на книга.
Андов истакна дека не очекувал ваква одлука, и оти ќе поднесе жалба доколку има материјални последици по ова решение.
Судско рочиште за спорот е закажано за 27 мај.
Ново на Сител
-
Почна протестот на вработените во ФЗОМ
-
Парламентарни избори 2024 - се заострува реториката помеѓу партиите
-
Пендаровски и Силјановска и денеска на терен
-
140 социјално загрозени семејства од Прилеп ќе добијат пакети храна и пари пред Велигден
-
Еколошките здруженија реагираат на загадувањето на Охридското Езеро
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите