Судири на протестите против реформите на пензискиот систем во Атина

Припадници на грчката полиција и група млади лица се судрија денеска во Атина за време на протестот против реформите во пензискиот систем, но засега нема информации за уапсени или повредени.
До инцидентот дошло кога група млади лица почнале да фрлаат молотови коктели и камења врз полицајците
На протестот во центарот на Атина се собрале неколку десетини илјади луѓе.
Вработените низ Грција ја прекина денеска работата во знак на протести поради реформите на пензискиот систем, а поради масовниот штрајк откажани се повеќе летови, запрен е поморскиот сообраќај јавниот превоз, училиштата се затворени, а во судовите, аптеките и државните болници работи само дежурен персонал.
Синдикатот прогласи генерален штрајк поради реформите во пензискиот систем, чие спорведување е еден од условите за третиот меѓународен пакет помош за Грција.
Левичарската Влада на премиерот Алексис Ципрас се обидува да го преструктуира пензискиот систем со зголемување на придонесите за социјална заштита, со цел да се избегне намалувањето на пензиите, но противниците на реформите укажуваат дека поради тоа многу вработени дури две третини од приходите ќе ги даваат на даноци и придонеси.
Штрајкот се одржува во време кога Владата преговара со меѓународните инспектори кои се во Грција со цел да го проверат напредокот во исполнување на обврските предвидени со пакетот помош.
Ново на Сител
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
