Судири меѓу „жолтите елеци“ и полицијата во Париз
По релативно мирните протести на француските „жолтите елеци“ изминатите две саботи, на денешните 23-ти по ред саботни протести во Париз дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата, јави дописникот на МИА.
Иако одѕивот на протестите не беше голема, само со околу 28.000 демонстранти, од кои околу 9.000 во Париз, силните полициски сили извршија околу 20.000 превентивни контроли и уапсија 227 лица само во францускиот главен град.
Во доцните попладневни часови имаше спорадични судири меѓу жолтите елеци и полицијата на Плоштадот на Републиката. Демонстрантите притоа палеа и уништуваа автомобили и клупи и палеа контејнери.
Протестот на оваа група почна мирно пред зградата на француското Министерство за финансии, каде демонстрантите побараа намалување на даноците за работниците и пензионерите и зголемување на даноците за богатите. Тие потоа од пред Министерството се упатија кон Плоштадот на Републиката, каде се судрија со полицијата, која употреби солзавец и водени топови за нивно разбивање.
Друга група „жолти елеци“ се собраа близу катедралата Нотр Дам, која беше сериозно оштетена во голем пожар меѓу понеделникот и вторникот, а трета група од околу 200 лица се обидоа насилно да влезат во Елисејската палата, при што беа спречени од полицијата.
Градските власти на Париз денеска апелираа за прекин на насилството, кое по забраната за собири на Шанзелизе, се пренесува во другите делови на градот.
Меѓу демонстрантите веројатно имаше припадници на анархистички движења кои провоцираа судири со полицијата, но и самите жолти елеци се радикализираа разочарани од решенијата понудени од францускиот претседателот Емануел Макрон за излез од кризата, како и од астрономските суми собрани за реставрацијата на Нотр Дам за само неколку дена.
Дел од учесниците на протестите носеа плакати со натпис „Сите ни сме катедрали“, оценувајќи дека за време на петмесечните протести „жолтите елеци“ не предизвикале толкаво сочувство меѓу француската елита, како опожарената Богородична црква. Тие ја „потсетија“ Владата дека обновата на катедралата Нотр Дам не е единствениот проблем што треба да се реши во земјата.
Еден од лидерите на „жолтите елеци“, Пјер Дерие вчера на Фејсбук објави дека движењето „изразува негодување затоа што за четири дена е собрана милијарда за камења (алудирајќи на Нотр Дам), а за сиромаштијата ништо“.
Француското Министерство за внатрешни работи вчера соопшти дека за време на денешните протести ширум Франција ќе бидат распоредени околу 60.000 полицајци, потенцирајќи дека нема да бидат дозволени собири околу Нотр Дам.
Ново на Сител
-
Во Битола затекнати 23, а во Охрид шест малолетници после 24:00 часот
-
66-годишник во инвалидска количка повреден од автобус на улица во Струга
-
60-годишник со возило „Форд“ излетал надвор од патот, возачот починал на местото на настанот
-
Приведен 36-годишник од Крива Паланка, управувал возило со 1,58 промили алкохол во крвта
-
Двајца загинати и 31 повреден во судар на автобус и автомобил на автопат во Хрватска
-
Британската полиција уапси осум мажи осомничени за терористички активности
-
Мицкоски најави нова милионска инвестиција со повеќе од 200 вработени
-
Сиљановска Давкова: Делчев беше и ќе биде дел од нас, од нашата историја, сегашност и иднина