Судири меѓу полицијата и муслиманските верници на Ридот на храмовите во Ерусалим

Судири меѓу муслиманските верници и израелските полициски сили избија на Ридот на храмовите во Ерусалим, во време на зголемени тензии поради совпаѓањето на еврејски и муслимански верски празници.
Полицијата тврди дека муслиманските верници ги започнале нередите и оти упатувале „националистички повици“ на Ридот на храмовите, свето место и за Евреите и за муслиманите.
Полицајците ги растерувале со солзавец, гумени куршуми и други средства за контрола на нереди.
Насилството се проширило и на околното подрачје и неколку мажи опколиле и нападнале возило, управувано од Евреин, пред да ги растера полицаец кој пукал во воздух.
Полицијата распореди дополнителни сили во цел Ерусалим во очекување на нереди во текот на цел ден.
Политичкото раководство донесе одлука Ридот на храмовите денеска да се затвори за немуслиманите, бидејќи денеска почнува муслиманскиот празник Курбан Бајрам, со кој се слави крајот на аџилакот во Мека и еврејскиот ден на постење Тиша Б`Ав, кога Евреите жалат поради разорувањето на древните храмови кои некогаш стоеле на Ридот на храмовите и сите катастрофи во историјата на Евреите.
Врз основа на безбедносна проценка, полицијата соопшти дека на немуслиманите треба да им се забрани денеска влез на Ридот на храмовите, каде десетици илјадници муслимански верници пристигнаа ова утро. Стотици Евреи се собраа пред капијата која води до светото место.
Ново на Сител
-

Акциска сообраќајна контрола во Сарај и Ѓорче Петров во Скопје, изречени 156 санкции, уапсени две лица
-

Венс: Нетанјаху има направено грешки, интересите на САД и Израел не се секогаш усогласени
-

Криел десет лаптопи во изнајмено возило – го фатиле цариниците на Богородица
-

Невреме со урагански ветер и град ја зафати Словенија
-

Во април за 38 проценти помалку одобренија за градење, ќе се градат 722 стана
-

Во Тирана одржан најмасовниот протест досега против „Зврнец"
-

Алиу: Изминатата година поставена насока - здравствен систем што планира, мери, дигитализира и одговара
-

Почнува Светското фудбалско првенство 2026
