Судири меѓу анархисти и полицијата во Атина
Анархистите се собраа близу комплексот на Политехничкиот универзитет, каде во 1973 година започна бунтот на студентите против воената хунта во земјата.
До инцидентот дојде кога анархистите почнаа да фрлаат со камења, петарди и молотови коктели кон припадниците на полицијата. Полицајците на нападот одговорија со солзавец и шок бомби.
Според грчките медиуми, при судирите полицијата уапсила најмалку двајца демонстранти. Нема информации за повредени.
Напоредно со насилните протести, на другиот крај на Арина се собраа околу 17.000 лица, кои одржаа протестен марш од центарот на градот до Амбасадата на САД.
Овој протест мина мирно, иако на почетокот имаше мали недорзабирања меѓу дел од демонстрантите и група од околу 1.000 поддржувачи на владејачката партија Сириза, кои се придружија на маршот.
Протестниот марш го обезбедуваа околу 3.000 полицајци.
Ново на Сител
-
За 12 октомври се подготвува реванш меѓу Усик и Фјури
-
Топ 5 технолошки новитети кои доаѓаат во блиска иднина
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп