-->
-->
Судир на четири возила, без повредени
-->

Сообраќајна незгода во која учествувале четири возила на булеварот Благоја Тоска и подигнувањето на оштетени автомобили предизвика сообраќаен метеж пладнето во Тетово. При инцидентот нема повредени луѓе.
– Во 12.25 часот е пријавена сообраќајката во СВР Тетово. Учествувале патнички возила од марките „ауди“, „рено“ и „тојота“ со тетовски регистарски ознаки како и „голф“ со скопски таблици. Аудито удрило во тојотата по што тој автомобил удрил во другите две. Повредени нема, соопшти СВР Тетово.
Службеници од стручните служби на СВР Тетово извршиле увид за утврдување на деталите од сообраќајката.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
-

Сиљановска: 2026 ќе биде година на реформи
-

Гаши: Со единство до напредок
-

Мицкоски: 2026 ќе биде година на напредок
-

Паркирањето во центарот на Штип целосно се дигитализира
-

Преглед на вестите од светот
-

За 8 години тројно намален и бројот на железнички линии и на патници
