Македонија
29. November 2020 - 12:24

Судија физички нападнат од навивачи во Куманово

На 28.11.2020 во 16.00 часот во СВР Куманово, Х.Б.(25) од Скопје пријавил дека околу 13.00 часот на фудбалски стадион „Башкими“, на полувреме од фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Башкими“ од Куманово и ФК „Њустарс“ од Скопје, каде што бил делегиран за главен судија, бил физички нападнат од повеќе лица. Според пријавеното, по завршување на првото полувреме, кога тој и судиите помошници влегле во просториите на соблекувалната, до него се доближило едно повозрасно лице и му се заканувало, по што физички го нападнало, а во нападот се приклучиле и други лица. По добиена пријава на местото на настанот дошле полициски службеници и Х.Б. и другите судии излегле од стадионот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.