Судењето за „Титаник“ продолжува на 20 мај
Следното рочиште за случајот „Титаник“ е предвидено да продолжи на 20 мај. Дел од сведоците предложени од обвинителството при денешното сведочење истакнаа дека немаат никакви сознанија за финансирање на политичките партии и дека никогаш не уплатила средства за партијата.
Судскиот процес за овој предмет е уште во фаза на доказна постапка.
Судењето за овој предмет го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Лиле Стефанова.
Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Кирил Тодоровски и други. Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Ден после „Рибникар“ странски служби бараа да им го предадеме малолетниот убиец
-
Македонското МНР: Нашите мисли се со народот на Црна Гора
-
Од утре дожд и снег
-
Се разгледува можноста за доградба на жичарницата на Водно
-
Одложени два лета од скопскиот аеродром
-
Момче од Македонија почина во Шпанија, семејството моли за помош за транспорт на телото
-
Утре вонредна седница на Советот за национална безбедност на Црна Гора
-
Вучиќ: Не им замерувам на студентите во блокадите, тие беа мали кога злото беше на власт