Македонија
31. October 2025 - 16:29

Судење за случајот „Онкологија“, одбраната смета дека доаѓаат погрешни сведоци

Во скопскиот кривичен суд денеска продолжи судењето против поранешните директори на клиниката за онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи кои се обвинети за злоупотреба, измама и проневера во службата.

Сведочеа двајца доктори од кој еден бил и член на управниот одбор и објаснуваа како се набавувала и одредувала терапија за пациентите.

Според одбраната, сведоците не биле во интерес на постапката бидејќи нивните искази не се однесувале на финасиското работење на клиниката.