-->
-->
Судар на две возила со мотоцикл во Прилеп, две лица завршија во болница
-->

Вчера околу 16,30 часот во Полициска станица Прилеп било пријавено дека на крстосницата од улица „Карпалак“ и улица „Ордан Чопела“, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „Викторија“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Т.А.(53) од Прилеп, патничко моторно возило „Пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Л.А.(30) од с.Зајас,кичевско, и патничко моторно возило „Фиат браво“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Л.П.(49) од Кичево.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката на мотоциклот Б. А.(40) од Прилеп, а со телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот Т.А.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Француските средношколци по средбата со Макрон повикаа на продолжување на протестите сè додека не се објават конкретни мерки
-

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти
-

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта
-

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама
-

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина
-

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ - претреси на повеќе локации
-

Македонија утре на Јуниорскиот Евросонг: Од вечерва може да се гласа за Ана Стојаноска
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
