-->
-->
Судар на два мерцедеси кај струшка Долна Белица, четири лица повредени
-->

Вчера во 11.50 часот било пријавено дека на локалниот пат за с.Долна Белица, струшко, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, управувано од Џ.Ж.(77) од с.Велешта, струшко и патничко возило „мерцедес“, управувано од Х.Л.(21) од с.Октиси, струшко.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Х.Л., а со телесни повреди се здобиле Џ.Ш. и две сопатнички од двете возила А.Л.(45) и И.Ж.(76), кои биле пренесени во Медицинскиот центар во Струга и болницата „Св.Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Струга.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Страв и надеж“ на МНТ победник на 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“
-

Одржлив транспорт во Скопје и возење со автобус по рутата на БРТ и градскиот воз
-

Не запира уништувањето на рибниот фонд
-

Жетвата на пченицата започна, откупната цена непозната
-

Од еко сапуни до соларни прочистувачи, средношколците нудат реални решенија за климатските промени
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
