Судан ги прекина дипломатските односи со Иран
По Саудиска Арабија и Бахреин, дипломатските односи со Иран денеска ги прекина и Судан.
– Во Судан иранскиот амбасадор е „персона-нон-грата“ и побаравме од сите дипломати да ја напуштат државата. Исто така повлечен е и суданскиот амбсадор од Иран, изјави суданскиот претседател Омар ел Башир.
Суданското Министерство за надворешни работи соопшти дека одлуката стапува во сила веднаш.
Во Ријад вчера беа егзекутирани 47 луѓе осудени за тероризам, меѓу кои и истакнатиот шиитски свештеник Нимр ал Нимра, кој беше централна личност во 2011 година во протестите против режимот, инспирирани од „арапската пролет“. Неговата егзекуција предизвика жестока реакција во Ирак, Иран, Јемен, Бахреин и други држави од регионот, а ваквиот чин го осудија и некои европски земји.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена