Судан донесе закон за ликвидација на поранешниот режим

Властите во Судан синоќа одобрија закон за „ликвидација“ на режимот на соборенот претседател Омар ал-Башир кој суверено владееше со државата речиси 30 години.
„Партијата на националниот конгрес се распушта, а нејзиниот имот се запленува“, пишува во законот наречен „Ликвидација на режимот воспоставен на 30 јуни 1989 година“.
„Ниту еден од истакнатите членови на режимот и партијата не смее да се занимава со политичка активност следните 10 години“, се додава во текстот.
Ал-Башир дојде на власт со државен удар во 1989 година со поддршка од исламисти. По протести од околу еден месец оваа година армијата го собори од власт на 11 април и сега е во затвор во Картум. Пресудата во судскиот процес за корупција против него се очекува на 14 декември.
Армијата не го предаде на Меѓунардониот кривичен суд во Хаг каде е обвинет за „злосторства против човештвото“ и за „геноцид“ во Дарфур.
Ново на Сител
-

Царина разоткри шверц на 70 милиони парчиња цигари, оштетен државниот буџет за над шест милиони евра
-

Пецов - Ѓаволот призна вина, доби две години условнa
-

Стручна комисија утврди - нема лекарска грешка во третманот на родилката од Струмица
-

Серија средби на Мицкоски во Њујорк
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Платформата „12.05“ подготвува опозициски фронт со СДСМ, но без ова раководство со Филипче
-

Возила на пазарна скапуваат по депоата на „Пајак“ оти Инспекторатот нема паркинг
-

Расте кредитирањето од небанкарски финансиски институции
