Суд во Москва одби да го пушти Навални од притвор поради здравствените проблеми

Суд во Москва денеска го одби барањето на приведениот опозиционер Алексеј Навални да биде предвреме пуштен на слобода поради здравствени причини, откако завчера од затворот беше префрлен во болница, а вчера експресно вратен зад решетки.
На Навални му е одреден 30-дневен административен притвор, откако минатата среда беше уапсен затоа што ги повика жителите и посетителите на Москва да учествуваат во неодобрениот опозициски протест, пренесоа британските медиуми.
Тој во неделата беше примен во болница поради силна алергиска реакција, додека во понеделникот беше вратен во притвор. Неговиот адвокат и матичен лекар вчера тврдеа дека се сомневаат дека бил отруен во притвор.
Бранителот на Навални од судот побара порано да го пушти од притвор поради здравствени проблеми, наведувајќи дека ќелијата во која е сместен може да биде извор за неговата мистериозна болест.
Ново на Сител
-

Цените на дизелот и бензинот рушат рекорди во ЕУ: Највисоки во последните 20 години
-

Ѓорѓиевски: Мега парк од 50.000 м² во Бутел - трајно решение во борбата со депониите
-

Почна Октоберфест - фестивалот на пивото во Минхен
-

Сопствениците на дизел-возила во Унгарија ќе добиваат парична помош од државата поради високите цени
-

НАТО го поздрави договорот меѓу САД, Данска и Гренланд
-

Трамп им забрани пристап во Белата куќа на новинари од CNN, MS NOW и Politico
-

Обвинение против шест лица за фалсификуваните возачки дозволи, тројца се' уште се во бегство
-

Пронајдено и казнето лицето кое од мотокултиватор фрлаше двосед и врати на јавно место во Шуто Оризари
