Суд во Ирска: Лебот за сендвичите „Сабвеј“ не е леб
– Лебот што се користи за американските сендвичи „Сабвеј“ не може да се дефинира како леб, според Врховниот суд на Ирска. Како што се вели во одлуката, причината за тоа е преголемата содржина на шеќеp во него.
Случајот е инициран од компанијата „Букфајндерс Лтд.“, тамошниот оператор за овој синџир ресторани. Тој опфаќа 110 земји во светот. Компанијата инсистираше на тоа дека лебот за сендвичите се вбројува во основни хранливи намирници – и дека не треба да се наплатува ДДВ за него. Според Законот за данок на додадена вредност во Ирска од 1972 година, износот на шеќер во лебот не треба да надминува два отсто.
Во случајов, тоа е петпати повеќе. Уделот на шеќер во овие лепчиња е 10 насто од масата на брашното.
Така, враќањето на „Букфајндерс“ од 9,2 насто ДДВ за периодот од јануари 2004. до декември 2005 година останува неподмирено.
Од „Сабвеј“ остануваат на ставот дека – лебот нивни е, сепак – леб!
Ново на Сител
-
Усик ќе заработи 114 милиони долари за реванш со Фјури
-
Оклахома поуспешна од Лејкерс за четврта победа во низа
-
Ким: Русија има право на самоодбрана
-
Силна експлозија во каналот Ибар-Лепенец во северно Косово, прекинато водоснабдувањето во регионот на Митровица
-
Премиерот Мицкоски во посета на Општина Јегуновце, ќе презентира неколку реализирани проекти
-
Состојба на патиштата
-
Облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд и снег
-
Зеленски: Подготвени сме за крај на војната во замена за членство во НАТО