Субвенции за вградени ПВЦ и алуминиумски прозорци
Од оваа година Министерството за економија воведува субвенционирање на домаќинствата за вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци. Од Министерството изјавија дека за овие субвенции огласот ќе биде објавен до крајот на месецов, и ќе трае до крајот на август.
„Ќе се надоместува дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата за 2017-та година, таа намена се обезбедени дури 20 милиони денари, при што се надоместуваат до 50 отсто од направените трошоци, но не повеќе од 500 евра во денарска противвредност по домаќинство“, информираат од Министерството за економија.
Надоместокот на дел од средствата за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци ќе имаат право да го остварат лицата кои имаат купено и вградено во своите домови ПВЦ или алуминиумски прозорци во периодот од денот на објавувањето до денот на завршувањето на јавниот оглас.
Доделувањето на надоместокот ќе се врши по принципот „прв дојден прв услужен’’, сѐ до искористување на предвидените средства во Буџетот на Република Македонија за оваа намена.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава