Субвенции од два денара за килограм за откупено грозје „смедеревка“

Винарските визби кои ќе откупат грозје од сортата „смедеревка“ ќе добијат субвенции од два денара за килограм. Мерката е донесена на вчерашната владина седница и со неа се очекува да бидат откупени преостанатите количини од оваа сорта.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска на прес-конференција истакна дека според нивните сознанија не се собрани уште 20 до 30 милиони килограми грозје од сортата „смедеревка“.
Субвенции ќе може да добијат оние винарски визби кои се запишани во регистрарот и кои ги имаат подмирено финансиските обврски кон производителите. Тие ќе треба да откупат минимум еден милион и 500 илјади килограми грозје од оваа сорта.
Смедеревката, како што рече Цветков, ќе се откупува согласно договореното, односно 11 денари за 17 шеќерини единици. Ако грозјето е со повеќе од 17 шеќерни единици, тогаш откупната цена ќе биде повисока за 0,65 денари, а доколку е пониска, цената ќе се намали за 0,65 денари.
- Оваа мерка ја донесовме поради тоа што на светскиот пазар каде винариите го продаваат наливното вино, цените се многу ниски. Со цел да бидат конкуретни на тој пазар, Владата им помага со оваа субвенција, рече министерот Цветков.
Според него, мерката за откуп на грозјето од сортата „вранец“ ги дала очекуваните резултати бидејќи се откупени сите количини.
Директорот на Инспекторатот за земјоделство, Цветан Трипуновски посочи дека во досегашниот откуп немале никакви проблеми при проценката на грозјето.
Ново на Сител
-

Николоски: Решение за македонските превозници ќе има, проблемот е високо на агендата на Брисел
-

Јаневска: Со новиот Закон за високо образование ние го подобруваме квалитетот на образованието
-

Трамп изјави дека е „срамна“ одлуката на Врховниот суд да ги поништи царините
-

Паднато дрво кај Католичка – затворена улицата „Костурски Херои“
-

Поднесено обвинение за палењето на „Вјесник“
-

По дојава од ФБИ за закана за масовно убиство на Discord, уапсени две лица со арсенал оружје во Мала Речица
-

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка болница Битола
-

Шест лица под истрага за запленетата марихуана во Србија
