Суарез: Закрепнувањето оди побрзо од очекуваното
Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез зборуваше за времето на закрепнување од повредата на менискусот од десното колено.
– Идејата да се вратам на теренот порано постоеше долго време, а во прилог на тоа е и последната контрола. Докторот ми кажа дека сè добро функционира кај мене и ова ми даде надеж дека ќе можам да се вратам што е можно поскоро. Кога екипата ќе се врати по паузата поради коронавирусот, ќе бидам подготвен да играм, изјави Суарез.
Се претпоставуваше дека ќе Уругваецот ќе биде подготвен до почетокот на мај, но веројатноста е голема дека тој порано од овој термин ќе се врати на терените.
– Направив добра работа, го исполнив тоа се бараше од мене, и ова ми даде сила да се вратам порано од очекуваното. Во врска со пандемијата на коронавирус, треба да преземеме мерки на претпазливост и да разбереме дека луѓето сега не чекаат фудбалски натпревари, туку можност да излезат од дома без страв, да одат во парк со деца, повторно да уживаат во животот, истакнува фудбалерот на Барселона.
Ново на Сител
-

Земјотрес со магнитуда од 6,9 повторно ја погоди Индонезија, втор силен потрес во еден ден
-

ПФЛ: Победи за Силекс и Шкендија Арачиново
-

Хју Хефнер го пријавувал Епстин во ФБИ уште во 2005 година
-

Лишено од слобода лице од Германија, возело со брзина од 203 километри на час на автопат
-

Земјотрес почувствуван во Гостивар и околината
-

Групна тепачка во Шуто Оризари поради присилно дрогирање со марихуана на малолетничка
-

Едно лице измамено во Делчево, штипјанец набавил од него 2.580 тони сливи и не му платил
-

Премиерот Мицкоски најавува три нови инвестиции оваа есен
