Студија во Србија покажа дека 20 отсто од ревакцинираните со „Синофарм“ не развиле антитела
Една петина од вакцинираните со кинеска вакцина во Србија немаат очекуван резултат од вакцинацијата и тоа се главно постари од 70 години, покажува студија на Институтот за медицински истражувања.
Студијата која од февруари ја спроведува научен тим од Центарот за медицински истражувања во Белград, покажува дека 20 отсто од реквацинираните со „Синофарм“ вакцината во Србија не развиле антителата коронавирусот.
За еден дел од таа група испитаници кои покажале некаков одговор, макар тоа било и под референтните вредности може да се оечкува во случај на контакт со вирусот да бидат барем делимуно заштитени, но има и такви кои ниту малку не реагирале на вакцината, пишува српска „Политика“.
Докторите од Институтот сега се прашуваат како вторите ќе се заштитат од заразата и кога ќе добијат следна вакцина на која организмот би требало да реагира.
-Тоа е дел од популацијата која беше и најревносна во вакцинацијата. Многумина од нив имаат хронични болести и сакаат да се заштитат од Ковид-19. Многу ни е тешко да им објасниме дека сѐ уште не постои можност да добијат некоја друга вакцина. А тука е делот од граѓаните кои работат на такви работни места, па постојано се во контакт со луѓе и стравуваат од заразата, вели д-р Олгица Ѓурковиќ Ѓаковиќ, научен советник на Институтот.
Ново на Сител
-
„Њујорк тајмс“: Трамп треба да објави голем трговски договор со Обединетото Кралство
-
Паради по повод 80-годишнината од Денот на победата во Европа
-
Нетанјаху: Знаеме дека 21 заложник е жив, нема потврда за судбината на уште тројца
-
Променливо облачно, попладне наместа пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Состојба на патишта
-
Црн чад над Сикстинската капела во Ватикан
-
ПМФЛ: Шкендија со триумф над Работнички ја обезбеди шампионската титула
-
Започна конклавата за избор на нов папа