Студија: Вакцината Синовак е 50,7 отсто ефикасна против т.н. бразилски сој
Бразил, кој во изминатите седмици стана епицентар на пандемијата на коронавирус, вчера евидентираше 37.000 новозаразени, во момент кога во земјата се повеќе циркулира варијантата П1, првпат откриена во таа земја. Голема студија, спроведена во Бразил, покажа дека кинеската вакцина, која е главен избор во кампањата за вакцинација на земјата, е 50,7 отсто ефикасна во заштитата од варијантата П1.
Биомедицинскиот институт „Бутантан” од Сао Паоло, кој ја тестираше и сега ја произведува вакцината „КоронаВак” од кинеската компанија „Синовак Биотек ДОО”, вчера соопшти дека студија спроведена на 12.400 волонтери во Бразил открила дека вакцината е 50,7 проценти ефикасна во борбата против варијантата П1 и помалку распространета варијанта, позната како П2.
Институтот информира дека ефекасноста на вакцината ќе се зголеми на 62,3 проценти доколку втората доза се одложи повеќе од две недели, а вакцината помеѓу 83,7 и 100 проценти успешно ги штити заразените од потребата од лекарска помош.
Ширењето на болеста неодамна влезе во најтешката фаза поради недостиг на федерални мерки, нерамномерна кампања за вакцинација и новата варијанта П1.
Во Бразил вчера од последици на Ковид-19 починаа 1.803 лица, со што смртниот биланс во таа латиноамериканска земја достигна 353.000, што ја става на второ место во светот според овој параметар, веднаш зад САД.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници