Свет
18. December 2024 - 10:06

Студија: Повеќето американски тинејџери се воздржуваат од алкохол, цигари и марихуана

Во САД употребата на дрога меѓу тинејџерите не е зголемена по падот забележан на почетокот на пандемијата „Ковид-19“, покажуваат резултатите од големата годишна студија.

Околу две третини од ученици од четврта година средно оваа година изјавија дека не користеле алкохол, марихуана, цигари или електронски цигари во изминатите 30 дена.

Тоа е најголемата регистрирана апстиненција од овие супстанции откако започна годишното мерење на навиките на американските тинејџери кога се во прашање алкохолот, дрогата и цигарите, јави ВОА.

Гимназијалци од втора година, 80 отсто рекле дека не користеле ниту една од тие супстанци во последно време, кај осмоодделенците 90 отсто не користеле ниту една од нив, а единствениот значаен пораст е употребата на никотински кесички.

Американската влада финансира студија наречена „Набљудување на иднината“ од 1975 година.

Овогодинешните наоди се засноваат на одговорите на околу 24,000 ученици од 8-мо одделение од основно училиште, како и од втора и четврта година средно.

Студијата е „еден од најдобрите, ако не и најдобриот“ извор на национални податоци за употребата на дрога и алкохол кај тинејџерите, вели Ноа Крески, истражувач на Универзитетот Колумбија кои ја проучуваат употребата на дрога кај адолесцентите.