Студија: Нема спас за мразот на Гренланд
Мразот на Гренланд се стопи до точка од која нема враќање, а напорите за забавување на глобалното затоплување нема да го спасат од распаѓање, покажува новата студија на истражувачите од државниот универзитет Охајо, јави Си Ен Ен.
– Дури и да ја вративме климата каквашто беше пред 20 или 30 години, сепак ќе изгубиме масата лед прилично брзо, рече еден од авторите на студијата, професорот Јан Ховат.
Гренландската ледена плоча годишно губи повеќе од 280 милијарди метрички тони мраз, кој се топи,, што е најголем единствен придонес за порастот на глобалното ниво на морето, рече водечката авторка на студијата, Микалеа Кинг.
Таа изјави дека загубата на мраз во последниве години е толку голема што довела до мерливи промени на гравитациското поле над Гренланд.
Топењето на мразот на Гренланд придонесува со повеќе од милиметар за покачување на нивото на морето секоја година и веројатно понатаму ќе се влошува.
Авторите откриле дека по 2000 година, површината на мразот се намалила толку брзо што снежните врнежи не може да го надоместат изгубениот мраз дури и ако климата се промени.
Ново на Сител
-
Посета на претседателот на националното Собрание на Турција, Нуман Куртулмуш во земјава
-
Богата програма за Нова Година во Охрид
-
Повратници од Западна Европа
-
Црвен крст на Град Скопје со хуманитарни настани на Детската клиника
-
Преглед на вестите од светот
-
Просечната плата за една година зголемена за 2.300 денари, трошоците за живот за 15.000 денари
-
Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на Институт за јавно здравје
-
Скопјани остануваат без вода: Како се подготвуваат граѓаните?