Македонија
14. May 2023 - 19:50
Студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид ќе се реконструира, но не може да се постават фотоволтаици
Во октомври годинава ќе започне реконструкцијата на охридскиот студентски дом Никола Карев.Ќе се реновира и екстериерот и ентериерот на објектот, со цел значително подобрување на условите за престој на студентите. Но со овие зафати идејата за енергетски ефикасен објект и поставување фотоволтаици ќе почека бидејќи според препораките на УНЕСКО не се дозволени во заштитениот појас.
Домот со ниските цени за сместување, не може да опстои доколку не работи комерцијално па ја користи местоположбата, во центарот на градот, и нуди сместување и за туристи преку лето кога нема студенти.
Домот располага со околу 220 легла а според најавите за оваа сезона веќе има резервации за гости од Србија, Бугарија и Босна и Херцеговина.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->