„Студентски отпор“ најави протести доколку не им се исполнат сите барања
Како што веќе добро е запозната јавноста беше најавен масовен протест пред МОН со цел да го изразиме големото незадоволство од немањето на слух за нашите барања.
Овој протест требаше да е организиран од УСС при УКИМ, но сведоци сме дека на различен начин омилениот студент на Власта се обидува да го откаже истиот протест, притоа посочувајќи дека можеби е решен проблемот со ретроактивна исплата на разликата во стипендиите.
Мораме да потенцираме дека Студентски отпор нема да отстапи од протестите како чин за за да го искажаме својот револт доколку не ни се исполнат сите барања, бидејќи ние како студенти покрај ова имаме и други наши барања кои не се реализирани.
За потсетување, нашите барања кои што директно прозилегуваат од студентите се:
- Барање за средба со министерот за образование и претставници од Студентски отпор, како и вклучување на наши претставници во работните тела;
- Изедначување на стипендиите (ретроактивна исплата и нов анекс на договорите);
- Покачување на дневниот износ на субвенционираниот студентски оброк согласно инфлацијата на 160денари;
- Дигитализација и укинување на т.н. „скриени трошоци“ на факултетите;
- Бесплатен/субвенциониран меѓуградски превоз за студентите;
- Прецизни рокови за започнувањето и реализацијата на најавената реконструкција на студентските домови;
- Стипендирање на студентите на втор циклус студии;
-Модернизирање на лабораториите на природните и техничките факултети
- Прецизни рокови за започнување и реализација на изградбата на зградите на ФИНКИ и ДИФ.
Доколку и понатаму се нема слух за барањата на студентите ќе преземеме сериозни чекори, како што се масовни демонстрации на клучни крстосници во градовите, бојкотирање на настава и сл.
Студентски Отпор
Ново на Сител
-
За еден месец ќе проработи онколошката амбуланта во ГОБ „8-ми Септември“, за акцелераторот треба време
-
Се бара одземање на лиценцата на 2 друштва за игри на среќа
-
Ахмети осамен во идејата за меѓуетничка платформа
-
Избори во САД
-
Преглед на вести од светот
-
Ангелов: Непристапниот терен е голем проблем при гаснењето
-
Заврши мисијата на Србите кај нас, Македонија продолжува да се бори со пожарите
-
Тема на денот со Кире Михаилов, заменик генерален директор на Национални шуми