Македонија
12. July 2019 - 17:17

Студентите во лето без здравствено осигурување

Студентите во лето остануваат без здравствено осигурување. Доколку се разболат или имаат потреба од хирурска интервенција мора да платат приватно за терапијата или операцијата. Матичните лекари бараат од Фондот да направи промени во софтверот и студентите потврдите да ги доставуваат во септември или октомври зошто администрацијата на факултетите овој период користи годишни одмори и неможе да им се издаде документ дека уште студираат.

-Алармираат матични лекари дека пациентите кои се студенти остануваат без здравствено осигурување, што не е добро, а нема од каде луѓето да донесат потврда заради тоа што неработат студентските прашања и не може да се однесе таа потврда дека сеуште се студенти во ФЗО. Замолено е, Фондот овој момент да го решат и потврдите да се носат во октомври, изјави д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ.

Од Фондот велат дека студентите се осигуруваат преку еден од родителите. Останувале без здравствено осигурување само ако не доставиле потврда за запишан семестар најдоцна до март односно за зимскиот семестар до декември, а за ова имеле и договор со факултетите.

-Сите оние факултети кои навремено ги имаат доставено податоците за  студентите (имаат прикачено електронска датотека) кои запишале соодветен семестар или пак студентите сами донеле потврда за редовен студент  продолжено е  здравсвеното осигурување како членови во здравствено осигурување преку еден од родителите, се вели во одговорот од Фондот.