Студентите во блокада со повик за оддавање почит за жртвите во Кочани во - Крагуевац и Нови Сад
Студентите во блокада во Србија ги повикаа жителите на Крагуевац да дојдат на Студентскиот плоштад вечерва во 19 часот за да им оддадат почит на загинатите во пожарот во дискотека во Кочани, јави МИА.
Студентите од белградскиот универзитет им оддадоа почит на настраданите во пожарот во Кочани, а најавија и нивните колегите од Нови Сад и од Ниш.
Студентите кои ги блокираат факултетите во Нови Сад ги повикаа сите граѓани да присуствуваат на денешниот митинг на Плоштадот Слобода, каде ќе им оддадат почит на трагично загинатите во Кочани. Оддавањето почит ќе биде во 18 часот.
„Во тишина и заедништво ќе запалиме свеќи и ќе положиме цвеќе во знак на сеќавање“, наведоа новосадските студенти.
Претходно денеска студентите протестираа пред градското собрание и развирија транспарент на кој пишуваше „Седница на ден на жалост“, по што положија венец за загинатите во Кочани.
Денеска во Србија е Ден на жалост поради пожарот во дискотека во Кочани во кој загинаа 59 лица, а 155 беа повредени.
Ново на Сител
-
Индија би можела да биде домаќин на италијанскиот Суперкуп
-
Адвокатот на Палевски се откажа од одбраната
-
ПСЖ сака да му понуди на Јамал рекорден договор
-
Приведен газда на ноќен клуб од Куманово - Го затекнале како внесува ПП апарати, пронашле и пиротехника
-
Во Пробиштип книги на жалост за тројцата загинати во дискотеката во Кочани
-
Андреј и Сара од ДНК ќе бидат погребани утре во Скопје
-
32 часа работа, 11 пати од Кочани до Скопје возел Илчо од Итна помош кој почина на спиење
-
Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан повикува на сплотеност и молитва за настраданите во Кочани