Македонија
9. јуни 2016 - 12:55

Студентите со порака до приведените професори: "Донирај мито, положи испит"

Студентите дадоа силна поддршка на борбата против корупцијата во високото образование.

Со години на Економски факултет во Скопје трпеле притисоци и барања за мито како би го положиле испитот. Утринава студентите симболично ја поддржаа полициската акција во која неколку професори се товарат за примање и за давање поткуп, противправно просредување, злоупотреба на службената положба и овластување и за други дела поврзани со корупција.

poraka-studenti2

Утрово пред факултетот беа поставени кутии за “донации“ за професорите кои бараа пари од џебот на студентите.

Студентите, нивните родители и совесните професори силно ја поддржаа оваа акција и гонењето на оние кои бараа мито за да стават 6-ка во индекс на студент.

Само СДСМ има против

Додека сите ја поддржуваат полициската акција, само СДСМ се спротивстави на борбата против корупцијата во високото образование. Не е прв пат опозициската партија да застане во одбрана на луѓе кои го кршат законот. И сега наместо да биде од страната на студентите кои со години трпеле неправда, СДСМ дава поддршка за професорите митаџии.

-Деградирањето на професорската професија, со употреба на прекумерна сила, е главна цел на акцијата, веројатно диригирана од криминалната врхушка на ВМРО-ДПМНЕ. Дали е ова казна за непослушноста на Економскиот факултет? Дали е ова порака за некои идни дејствија на МВР врз професори и факултети од УКИМ, пред се, политички мотивирани, прашуваат од опозициската партија.

bojadzi-vaska

Студентскиот правобранител за копрупцијата

Во вчерашното Отворено студио на ТВ Нова на кое се разговара за корупцијата во високото образование, гостува Васка Бојаџи – студентски правобранител на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

-Работев на неколку случаи коишто се поврзани со корупција. Најчесто тие не функционираат на типичен начин на давање мито, односно преку давање на пари и за тоа добивање на определена услуга, туку преку задолжување на студентите да набават оригинална купена нова литература во авторство на професорот и тоа се поставува како услов или за добивање на потпис во индекс, којшто регуларно студентите би требало да го добијат со извршување на определени обврски, изјави Бојаџи.

-Несомнено дека нивниот труд како автори треба да се почитува, меѓутоа, поседувањето на новокупена оригинална литература не смее да се поставува како услов во стекнувањето на кое било право на студентот, децидна е Бојаџи.

Бојаџи ги покани студентите од универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ да се обратат кај студентскиот правобранител доколку се сретнат со вакви или со какви било други проблеми во текот на нивните студии, потсетувајќи дека тоа можат да го сторат и анонимно.