Македонија
9. May 2019 - 16:11

Студентите со порака: ,, Активни млади - жива демократија‘‘

Студенти од осум универзитети од цела држава денеска во Битола дебатираа на тема „Активни млади – жива демократија“. Се слушнаа размислувањата на младите, нивните визии и желби, но и како гледааат на вредностите на Европската Унија, вредности кои мора да ги почитува и еден универзитет.

-Академската слобода, слобода на говор, демократичноста, правичноста, инклузивноста и се она што треба да биде во темелите на една држава, а тоа е во темелите на Европската Унија. Универзитетот е еден од столбовите на развој на државата, на демократијата, а тоа е расадникот на младите, истакна ПРОФ. Д-Р САШО КОРУНОВСКИ, РЕКТОР НА УКЛО.

До европско општество може да се дојде само преку вклучување на младите луѓе, а токму преку вакви настани младите се зближуваат по сите основи, велат организаторите на настанот.

-Зближувањата и по етничка основа затоа што ние малку се познаваме, живееме во една иста земја, иста држава, а премалку се знаеме меѓу нас и од тоа после доаѓаат предрасуди, рече Д-Р МУХАМЕД ХАЛИЛИ, ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЕВРОПСКОТО ДВИЖЕЊЕ.

-Преку денешниот натпревар ќе успееме да ги детектираме проблемите гои ги засегаат младите, да видиме колку тие се вклучени во демократските и општествените процеси, што недостасува за да се вклучат, со цел да добиеме жива демократија во нашето општетство, изјави ДОЦ. Д-Р МАКЕДОНКА РАДУЛОВИЌ, ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЕВРОПСКОТО ДВИЖЕЊЕ

Битолскиот универзитет по трет пат е домаќин на оваа манифестација која се одржува по повод Денот на Европа.