Студентите на Филолошкиот факултет од Штип ќе имаат можност за платена пракса

Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип и Германскиот деск „Проспертoп“ денеска потпишаа Меморандум за соработка кој на студентите ќе им овозможи платена пракса, а најдобрите ќе можат да добијат и вработување.
– Овој потпишан Меморандум ќе значи отскочна штица за студентите на овој факултет со тоа што ќе имаат платен тренинг, односно пракса и шанса за понатамошно вработување во нашите компании, рече Мартин Петровски, менаџер на Германскиот деск „Проспертоп“.
Деканот на Филолошкиот факултет Драгана Кузмановска изјави дека оваа соработка оди во прилог на студентите на факултетот.
– Германскиот деск е подготвен да им овозможи платена пракса во парните семестри. Тие се обврзуваат да понудат различни видови обуки во делот на англистиката, германистиката и италијанистиката и најпрво ќе се запознаат со овие вештини, вели Кузмановска.
Студенти, кои се заинтересирани можат да ја посетат веб страната, prospertop.mk и да се информираат за критериумите.
Ново на Сител
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
