Студентите-македонисти во Париз ја претставија македонската култура
Во Амбасадата на Република Македонија во Франција вчера вечер, се одржа Македонска вечер, во организација на Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации ИНАЛКО во Париз и Амбасадата на Република Македонија, јавува дописникот на МИА од Париз.
Настанот бил осмислен и координиран од лекторот по македонски јазик на ИНАЛКО, Борче Арсов. Вечерта биле претставени студентите од Институтот по македонски јазик, преку читање поезија и проза на македонски јазик и преку музичка изведба на македонски народни песни.
На програмата биле читани стихови од Ацо Шопов, Блаже Конески, Влада Урошевиќ, Никола Маџиров, Николина Андова-Шопова и др.
Во организацијата и во подготовката на програмата покрај лекторот по македонски јазик, Борче Арсов, биле вклучени и студентите-македонисти, шефот на катедрата за македонски јазик на ИНАЛКО, Фроса Пејоска-Бушро, потоа Александра Николоска-Сондермајер, предавач на институтот, како и в.д. амбасадор на Македонија во Франција, Габриел Атанасов.
На настанот биле присутни гости од македонската дијаспора во Франција, како и многумина француски пријатели и љубители на македонскиот јазик. Покрај уживањето во изведбата на студентите-македонисти, присутните имале пријатна можност да пробаат и дел од македонската традиционална кујна на коктелот организиран од страна на Амбасадата.
Ново на Сител
-
Коалицијата „Вреди“ ги пегла разликите
-
Бока: Интеграцијата на Македонија во ЕУ е незавршен процес
-
Опозицијата контра именувањето на Богојески, за власта битна ќе е неговата работа, а не коментари
-
ВМРО-ДПМНЕ бара Судски и Советот на јавни обвинители да го преиспитаат предметот за Теодора
-
Истражување: Секоја петта објава на политичките партии содржи штетен наратив
-
Државата ќе пресметува колку пари му требаат на трочлено семејство за покривање на основните трошоци
-
Секоја втора жена не работи
-
Затворени 28 објекти без лиценца и минимум технички услови за работа