Македонија
14. November 2022 - 16:38

Студентите излегуваат на протести

Ограничувањата за тоа кои ќе добива студентски оброк, ги изреволтира студентите и ги натера денеска преку протест пред Собранието да бараат подобри студентски услови.

Бараат владините измени во законот за субвенциониран оброк да се укинат, односно парите за оброк да продолжат да ги земаат и оние студенти кои земаат стипендии, апсолвентите, како и оние студенти чии примања во семејството ја надминуваат минималнарта плата.

Дополнително со сите поскапувања, бараат и да се зголемат примањата за оброкот, од 120 на 150 денари, студентите да бидат иземени од владините мерки за штедење, како и да се подобрат условите во студентските домови.

Студентите поддршка добија и од Младинскиот образовен форум. Отаму велат дека услови на енергетска криза, голема инфлација и пост-пандемиско опоравување, студентите за жал сепрви на удар од страна на државните институции со тоа што се преземаат мерки кои влијаат кон намалување на и онака веќе нискиот студентски стандард.

Од ВМРО-ДПМНЕ ја оценуваат фрапантна идејата на власта да се скратат групите на студенти кои земаат студентски оброк, и бараатизмени на законот предложени од нивната партија коишто предвидуваат зголемување на средствата кои ќе ги добиваат студентите, веднаш да бидат ставени на пленарна седница и поддржани од мнозинството пратеници за да се подобри студентскиот стандард.

По бурните реакции на студентите од СДСМ велат дека го повлекуваат законот од процедура

Денес ќе има средба со претставници на студентски Собранија и низ инклузивен процес ќе дојдеме до заедничко решение. Со дијалог ги зголемивме стипендиите, го воведовме субвенционираниот оброк и со дијалог ќе бараме начин да го подобриме законското решение.- соопштија од СДСМ.

Според пратеничката на ЛДП, Моника Зајкова која е една од предлагачите на сзаконските измени, реакциите на студентите се оправдани, затоа на денешната средба со универзитетските Собранија ќе дискутираат со цел да го направат законот системски применлив и одржлив.

Поддршка на студентскиот протест дадоа и од партијата Левица.