Македонија
11. September 2022 - 16:32

Студенти по архитектура од Израел и од Македонија во Битола

Студенти по архитектура од Израел и од Македонија, во Битола ги документираат и снимаат зградите кои некогаш биле домови и дуќани на битолските евреи. Низ призмата на архитектурата заедно учат за историјата и соживотoт. Ја избраа Битола е што еврејската заедница не била само на едно место, туку насекаде низ градот.

-Ја избираме Битола е затоа што не е доволно истражено материјалното наследство на еврејското минато. 3аради физичкото постоење на толку многу градби и објекти, гледаме како град со еврејско минато, како дијамант кој не е ни почнат да се бруси, Изјави Ханан Перец, Факултет за Архитектура, Универзитет Ариели.

- Откако бевме во битола, последните 5 дена, можам јасно да кажам дека само што почнуваме да ја сфатиме важноста на градот како еврејски центар. За нас е констатацијата дека не е ни начнато истражувањето и значењето за учеството во животот во овој град како еврејски културен центар но и на целиот балкан бидејќи научната и светската јавност не се позанимавала доволно со ова прашање, изјави Јеир Варон, Факултет за Архитектура, Универзитет Ариели.

Во Битола се присутни професори и студенти од универитетите Ариели и Бар Илан од Израел,  како и студенти од Архитектонскиот факултет од Скопје.

-Убава комбинација од студенти, ова е само прв чекор за многу идни делегации кои ќе откријат што значи Битола и Македонија за еврејството, изјави Рахел Шели Леви Друмер, Проектор на универзитетот Бар Илан.

- Големо искуство да се разменат знаењата и многу значајно колкаво значење има еврејството значење кое го имаме во битола за целиот свет, изјави Александар Ортаковски, Студент на мастер студии на Архитектонски факултет Скопје.

На овој начин ќе научат и повеќе за  градот и еврејската заедница која некогаш била дел од Битола, но повеќе ја нема. Нивната работа ќе биде презентирана за широката јавност во облик на документарен филм.