Студенти ќе се обучуваат од водечки извршни директори во Македонија
Десет студенти од додипломски, постдипломски и докторски студии до август годинава ќе имаат можност да поминат по еден работен ден со пет водечки извршни директори во земјава. Ова е предвидено со проектот што ќе го реализира Стопанската комора на Македонија под покровителство на претседателот Ѓорге Иванов.
Аплицирањето е електронско, на адресата www.fic.mk. Почнува денеска, а ќе трае до 5 април.
- Студентите ќе имаат можност да видат како се води компанија, како всушност се работи во реална ситуација. Ќе стекнат практично искуство што факултетот не може да им го понуди, рече претседателот на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора Штефан Петер.
Предвидено е, ако биде успешен, проектот да продолжи и идната година, а за 10 години Македонија да добие 100 студенти со меѓународно образование без да одат надвор од државата што би значело значително намалување на трошоците.
Студентите што ќе аплицираат може да бидат од областа на економијата, човечките ресурси и администрацијата или која било друга сфера во која работи компанијата. Успешните менаџери кои ќе ја спроведуваат обуката се Илина Јакимовска од „Комфи ангел“, Волфганг Марингер од „Арчелор митал“, Јован Радосљјевиќ од „Пивара Скопје“, Аврам Стојчевски од „Ван Хул“ и Штефан Петер од ЕВН Македонија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Конрад Блејер Симон, експерт за странско мешање и манипулирање со информации
-
Ескалираат тензиите на Блискиот Исток
-
Кризен штаб поради Блискиот Исток
-
Мицкоски не сака да ја коментира истрагата за Кочани - СДСМ ќе добие одговор на изборите
-
До средината на јули ќе се комплетира листата за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски: Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна
-
Мицкоски: Во вториот квартал би требало да имаме извонредно висок раст на БДП
-
Трипуновски: Кога ќе одберете домашен производ, вие инвестирате во иднината на нашите села