Живот
4. March 2019 - 13:01

Студент тврди дека знае каде е исчезнатиот малезиски авион

Авионот на „Малезија ерлајнс” исчезна во март 2014 година. За него беа спроведени неколку неуспешни потраги во јужниот дел на Индискиот океан.

Но конечно би можел да биде откриен и тоа благодарение на истражување на студент од Универзитетот Станфорд.

– Летот МХ370, кој мистериозно исчезна пред пет години, би можел да се урне во близина на источниот брег на Виетнам, изјави Jао Минг, студент кој се занимава со сателитски инженеринг.

Според неговото толкување, откривањето на локацијата лежи во координатите на воздушната контрола, кои истражните органи ги отфрлија, а кои ги собра еден од истражителите на исчезнатиот лет.

– Користејќи едноставна математика, успеав да ја поврзам оддалеченоста на наводните координати со тие на Даниел Бајер, а потоа и временската рамка, која ја изнесе воздушната контрола, објасни тој.

Jао Минг со тоа успеал да ја открие брзината на авионот во последните минути од летот и следствено последните траги на летот пред да падне.

– Според моите пресметки, авионот летал со брзина од 400 километри на час во временска рамка од 33 минути, што би било еднакво на копнена брзина од околу 750 километри на час во иста временска рамка и истата оддалеченост од изобилството на координати, истакна тој.

Официјалната потрага по овој авион заврши во мај минатата година без никакви резултати.