Студенстки штафетен маратон на студенти до Брисел со цел да го привлечат вниманието на европските институции кон ситуацијата во државата
Група студенти стартуваа денеска маратон со трчање до Брисел, со цел да го привлечат вниманието на европските институции кон ситуацијата во Србија јави дописникот на МИА од Белград.
Со извици „пумпај“ собрани пред блокираната зграда на Радио-телевизија на Србија, голем број луѓе ја испратија групата студенти од Белград кои заминаа кон Нови Сад, па потоа кон Брисел.
Тие ќе трчаат низ земји на Европската унија под слоганот „Од моето село до Брисел“.
До Брисел ќе трчаат 21 студент студент иако првично беше закажано да трчаат 16 од нив, со цел симболично да им оддадат почит на 16-те кои загинаа при падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември лани.
Планирано е тие да бидат во Брисел на 12 мај, каде што ќе достават писма за ситуацијата во Србија до Европскиот парламент.
Ќе истрчаат штафетно речиси 2000 километри.Штафетно означува дека нема сите студенти да трчаат цело време, туку една група ќе трча, додека другата ќе се одмора во комбе што ќе ги следи.
Нивната рута е малку поинаква од рутата што ја поминаа велосипедистите пред нив.
Планирано е тие да пристигнат во Нови Сад утрово после 8 часот, каде што ќе продолжат по кратка пауза. Нивната прва станица ќе биде Осиек, каде што треба да пристигнат вечерва околу 19 часот.
Планирано е маратонците да трчаат повеќе од 100 километри секој ден низ шест земји – Хрватска, Австрија, Германија, Франција, Луксембург до Белгија.
Првата голема пауза ќе им биде во Стразбур, на 13-от ден од трката, кога нема да се трча, туку ќе ги посетат европските институции.
Ново на Сител
-
Предлог-Законот на СДСМ за помош на настраданите во Кочани не доби поддршка
-
Мицкоски следната недела ќе ги пополнува местата на Алијанса
-
Кошта утре на средби со македонските власти - Експертите не очекуваат позитивни сигнали од Брисел
-
Јавно ќе се разрешува претседател на Судски совет: Министерството за правда со нов закон
-
Во понеделник ќе биде познат новиот гувернер на Народната Банка
-
Инвестиции во железничката инфраструктура
-
Преглед на вестите од светот
-
Следната недела ќе бидат познати кадровските решенија по заминување на АА од Владата