Бизнис
21. April 2017 - 20:45

Студеното време - Сериозна закана за земјоделските култури

Минусните температури ќе нанесат сериозни штети на земјоделските култури. На најголем ризик од доцните пролетни мразеви се изложени овошките но не помалку ќе страдаат лозовите насади како и раноградинарските култури на отворено. Периодов сите овошки се во фаза на цветање а некои и во поодмината фаза на формирање на плодови. Овие насади се во највискоите региони каде температурите ќе паднат најниско.

Според Кипријановски постојат многу мерки со кои земјодлеците можат да го заштитат производството. Но голем дел од нив не се подготвени да дејствуваат. Борбата со доцните пролетни мразеви е исклучително тешка.

Во нормални услови во периодов кога нема штети од мразеви во земјава се произведуваат над 200 000 тони овошје. Повеќе од половина е јаболко.

Студот им се заканува на земјоделците . Од утре се очекуваат минусни температури кои може да предизвикаат катастрофални последици врз културите и приносите.