Студено утро, сончев ден – температури до 12 степени

Утрово во земјава e ведро и многу студено, најниска температура е измерена во Крушево – 8 степени, а во Битола, Прилеп, Маврови Анови и Крива Паланка - 7. Во Тетово, Пожаране и Берово измерени се -6, во Претор, Охрид и Попова Шапка -5, - 4 во Виница, -3 во Скопје-Петровец, Струмица, Кавадарц и Куманово, -2 Скопје-Зајчев Рид, Велес, Демир Капија, -1 Штип и 3 Гевгелија, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималните температури ќе се движат од 6 до 12 степени.
Во Скопје се очекува сончево време со мала облачност и слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
