Студено утро, преку денот сончево

Времето денеска со студено утро, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -6, а максималната ќе достигне од 2 до 8 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне 5 степени.
Ккао што информираа од УХМР, во понеделник и вторник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од снег на планините и повисоките места, особено во западните делови каде што ќе се формира нова снежна покривка. Во пониските места врнежите ќе бидат од дожд и снег. Од понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец кој што ќе допринесе утринските и дневните температури да бидат во пораст.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
