Студено со врнежи од дожд и снег
Времето ќе биде облачно и студено со врнежи од снег, а вдолж Повардарието со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во ноќните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени.
Во Скопје, облачно со врнежи од дожд, кои кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе преминат во снег. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Следува период на претежно облачно и постудено време со повремени врнежи снег, освен вдолж Повардарието каде ќе бидат од дожд и снег. За време на викендот врнежите наместа ќе имаат пообилен карактер (локално над 30 л/м2). На планините снежната покривка позначително ќе се зголеми (20 до 30 см), а нова ќе се формира и во некои пониски места. Температурите ќе бидат под просекот за овој период.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Трајковски, Асоцијација на специјализанти и млади лекари
-
Грета Тунберг на протест за Дошница
-
Преглед на вестите од светот
-
Цела недела топлотен бран – од утре мало разладување
-
Спречен обид за подметнување пожар на Водно, гори на шест локации во Македонија
-
62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-
Иницијативата за протоколот со Бугарија пред уставните судии по летните одмори
-
Османи: Автономијата во одлучувањето е духот на Охридскиот договор