Стружани ја продолжија традицијата за празнувањто на Бадник
Со пеење на икондатот на раѓањето Христово „Дјева Дњес“ на црковно старословенски јазик и импровизираната пештера која го симболизира раѓањето на Исус Христос, стружани во повеќе групи од ноќеска на полноќ ги посетуваат семејствата со што почна празнувањето на најголемиот христијански празник, Раѓањето Христово - Божиќ.
Перо Гогоски еден од членовите во групата информира дека ова е стара струшка традиција, која е возобновена последните четири години со која почнува славењето на Бадник и раѓањето Христово.
- Се оди по домовите, се пее Дјева, се носи пештерата во која е претставено раѓањето на богомладенецот. Според некои постари стружани традицијата има поврзаност со девојките и момчињата кои се за мажење и женење, вели Гогоски.
Неизоставен дел од струшката традиција е и коледарењето на најмладите кои ги посетија домовите внесоа радост и беа дарувани со овошје, оревчиња, пари...
Во црквите во Струга и струшко се одржа утрена претпразнична молитва во која се споменуваат сите евангелија поврзани со Христовото раѓање.
Ново на Сител
-
Граѓански протест ,,Кој е следен‘‘ за смртта на Фросина Кулакова во Скопје
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски - Коалиција ,,Сите за правично судење"
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија
-
АХВ уништи 110 килограми болничка храна
-
Власта и опозицијата со обвинувања - Кој е виновен за високите цени