Македонија
8. July 2015 - 13:22

Стружанец дошол на ургентетн со искасапен врат - еве што се случило

На 07.07.2015 година околу 20,40 часот во МЦ-Струга Оддел Хирургија, бил донесен Д.Л.(1936) од Струга, со повреди во пределот на левата страна на вратот (посекотини) нанесени од остар предмет. Од превземените мерки постојат сомненање дека сторител е Р.Ф.(50) од струшкото село Долна Белица.

МВР денеска соопшти дека тој е приведен во Полициската станица Струга и по целосно расистување на случајот ќе му биде поднесена содветна пријава.