„Струпки“ - нова поетска книга од Георги Барбаровски

„Струпки“ е насловот на новата поетска книга од современиот македонски поет, публицист и преведувач, Георги Барбаровски, која излезе деновиве во издание на „Матица Македонска“ од Скопје.
Книгата содржи педесетина песни поделени во четири тематски целини. Кон изданието е поместен и поговор на познатиот поет и литературен критичар Санде Стојчевски, во кој се нагласени високите естетски вредности и оригинални тематски преокупации на авторот.
Георги Барбаровски (Дабиле,1949) и припаѓа на генерацијата македонски поети, која во нашата литература се појави во седумдесетите години на минатиот век. Автор е на стихозбирките: „Око и меч“, „Згром“, „Златен дожд“, „Совршен лов“ и „Пеење и натпевање“. Негови творби се преведни на српски, турски, словенечки, албански, романски, полски и чешки јазик.
Објавувањето на „Струпки“ од Барбаровски е во рамки на јубилејната програма на „Матица македонска“ по повод 25-годишнината од основањето на издавачката куќа.
Ново на Сител
-

Можна ли е ескалација по пресудата на судот во Хаг?
-

Вучиќ очекува посеопфатна одговорност за злосторствата
-

Тема на денот со Злате Димовски, професор по безбедност
-

Марш на ангелите
-

Вкупно 81 година затвор за поранешното раководство на ОВК, илјадници граѓани револтирани ја дочекаа пресудата
-

Пресудата за четворицата поранешни лидери на ОВК предизвика реакции во регионот
-

Фон дер Лајен: Нови патокази за Западен Балкан, без отстапки од вредностите
-

Савески: Ако има основи, Обвинителството ќе постапува
