„Струпки“ - нова поетска книга од Георги Барбаровски
„Струпки“ е насловот на новата поетска книга од современиот македонски поет, публицист и преведувач, Георги Барбаровски, која излезе деновиве во издание на „Матица Македонска“ од Скопје.
Книгата содржи педесетина песни поделени во четири тематски целини. Кон изданието е поместен и поговор на познатиот поет и литературен критичар Санде Стојчевски, во кој се нагласени високите естетски вредности и оригинални тематски преокупации на авторот.
Георги Барбаровски (Дабиле,1949) и припаѓа на генерацијата македонски поети, која во нашата литература се појави во седумдесетите години на минатиот век. Автор е на стихозбирките: „Око и меч“, „Згром“, „Златен дожд“, „Совршен лов“ и „Пеење и натпевање“. Негови творби се преведни на српски, турски, словенечки, албански, романски, полски и чешки јазик.
Објавувањето на „Струпки“ од Барбаровски е во рамки на јубилејната програма на „Матица македонска“ по повод 25-годишнината од основањето на издавачката куќа.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Не им замерувам на студентите во блокадите, тие беа мали кога злото беше на власт
-
Мицкоски: Нема зголемување на старосната граница за пензија и на давачките, фокусирани сме на политики за намалување на сивата економија
-
Отстранети 50 кубни метри непрописно одложен отпад за време на новогодишната ноќ
-
Спортски настани кои ја одбележаа 2024 година
-
Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол, соочен со апсење, наведува дека ќе се бори до крај
-
Истрага за пронајдена марихуана во Тетово
-
Мицкоски: Процесот на пристапување во ЕУ со ваквиот начин на одлучување се балканизираше, наместо ние да се европеизираме
-
НБ: Се зголемува плаќањето со картички и преку мобилни апликации