Македонија
13. July 2015 - 17:08

Струмичките советници бараат оставка од Заев- Прашуваат каде се ветените инвестиции

Пред четири години градоначалникот Зоран Заев ветуваше изградба на 16 до 18 фабрики во индустриската зона Сачево и 2000 нови работни места. После четири години нема ниту фабрики ниту вработувања, реагираа совтениците од коалицијата За Подобра Македонија од Струмица кои денеска одржаа прес конференција на местото планирано за  изградба  фабриките. Советниците велат дека и за овој случај Заев како по обичај пак излажал.

-Во овие фабрики според Заев требаше да се отворат до 2000 работни места. Се фалеше дека ќе одржи лекција на Владата на Република Македонија во привлекување на инвестиции. Заев ниту одржа лекција ниту го исполни ветувањето. Глетката околу нас е поразителна. Вистината е сосема друга. И после четири години на ова место нема ниту една фабрика и ниту едно вработување. Како по обичај Заев пак лаже. Револтирани од неисполнувањето на дадените ветувања, од ова место сакаме да му порачаме на градоначалникот да ни се извини и како морален чин да си поднесе неотповиклива оставка и распише вонредни градоначалнички избори, рече Миро Топчев – советник од ВМРО ДПМНЕ

Советниците од коалицијата За подоба Македонија велат дека на струмичани не им треба градоначалник како Зоран Заев кој со години лаже и не ги исполнува своите ветувања.

Освен советниците во изминатите денови оставка од градоначалникот Заев побараа и повеќе групи граѓани и невладини организации кои реагираа за ветени, а нереализирани проекти.