Македонија
26. March 2017 - 18:15

Струмичкиот завод и музеј наскоро ќе добие нова поставка

Струмичкиот завод и музеј наскоро ќе  добие една од најрепрезентативните музејски поставки во државата. Со поддршка на министерството за култура интензивно течат актвностие за осовременување на комплексната постојана поставка на Завод и музеј Струмица која треба да биде готова најдоцна до месец мај. Со обновата,  постојаната поставка добива поголем простор,  нови 22 витрини, електрична инфраструктра, нов набљудувачки систем и нови сигурносни аларми. Во поставката  покрај  веќе постоечките ќе бидат изложени и многу нови предмети и ексклузивни наоди кои беа откриени во последните десетина години со археолошките истражувања на повеќе локалитети во југоистокот од државата.

-Ќе биде прикажан целиот тој материјал од праисторијата па до среден век и понатаму, значи до преродбенскиот период,  односно 1944 година и ослободувањето на Струмица. Практично ќе имаме една сосема нова поставка со многу нови содржини, многу нови експонати, вели Зоран Рујак – директор на НУ Завод и музеј Струмица

Струмичкиот завод и музеј располага со преку 15 000 експонати  од различни временски периоди кои поради малиот простор досега не беа изложени.  Со проширувањето на поставката  голем дел од најексклузивнте експонати кои имаат  огромноо културно и историско значење ќе најдат свое место во новите витрини и ќе бидат презентирани пред пошироката јавност. Осовременувањето на комплексната постојана  поставка ќе значи и збогатување на туристичката понуда на Струмица и можност  за подобро презентирање на култрата и историјата како пред домашните, така и пред сранските туристи.