Македонија
23. November 2020 - 16:38

Струмичката болница целосно полна

Во струмичката болница повторно нема слободен кревет, сите капацитети наменети за ковид позитивни пациенти се исполнети. Во моментов на болничко лекување има 40 лица, а уште толку секодневно доаѓаат на дневна болница за примање терапија. За разлика од пред десетина дена кога освен сместувањето проблем беше и пресоналот сега состојбата во тој дел е малку подобрена. Сите лекари и медицински сестри што беа позитивни повторно се вратени на работа. Дополнително помош добиваат и од 23 - ца специјализанти.

Веќе подолго време Струмица е на самиот врв кога станува збор за бројот на новозаразени со корона вирус и секојдневно регистрира двоцифрени бројки на нови случаи. Моментално, во струмичкиот регион има 671 активен случај. Како последица на корна вирусот во регионот се регистрирани 53 починати лица.