Струмичанка му ставила отров на сопругот во кафето

Триесет и деветгодишна струмичанка се обидела да го отруе својот сопруг, откако му сварила кафе, а во него ставила отров.Обвинителството ја осомничи за обид за убиство, поради што и беше одреден и притвор.
– Осомничената 39-годишна жена, на 07 јуни, во семејниот дом во село Иловица, се обидела на подмолен начин да го лиши од живот нејзиниот сопруг. Кога сопругот побарал да му свари кафе, таа во филџанот ставила течно средство хербицид „моносан херби“, го помешала со кафето и му го дала да го испие. Оштетениот го испил кафето, излегол во дворот и паднал во бессознание – соопшти прес службата на Јавното обвинителство.
Оттаму додаваат оти ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител на судијата на претходна постапка од Основниот суд Струмица му предложи да определи мерка притвор за осомничената. Судијата го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-

Eлектрични тротинети ќе возат само полнолетни, не побрзо од 20 км/ч
-

Тема на денот со Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд
-

Пратениците не ја прифатија интерпелацијата за работата на министерот Тошковски
-

Преглед на вестите од светот
-

По третпат интерпелација за Тошковски во Собранието
-

Бугарскиот амбасадор повикан во македонското МНР за дипломатската нота за семејството на премиерот
-

„Везилка“ почнува со работа
-

Филипче: Загрозен вториот пензиски столб, дупката во ПИОМ е 40%
