Македонија
14. January 2022 - 16:38

Струмичани се помалку трошат гас по зголемената цена

Зголемената цена на природниот гас за околу 72% ги натера струмичани да бараат други извори за затоплување на нивните домаќинства и деловни простории. 

Дека потрошувачката на гас е намалена потврдуваат и од јавното претпријатие Струмица Гас. За сега немаат точни податоци за бројот на корисниците кои го смениле изворот и енергенсите на затоплување, но велат потрошувачката на гасот, посебно од почетокот на јануари била намалена.

Директорот на Струмица гас вели дека покачувањето на цената на било неминовно, а дошло како резултат на енормното зголемување на цените на природниот гас на Европските и Светските пазари.Според него ваквата состојба сериозно ќе се одрази и врз работењето на самото претпријатие.

Од претпријатието за сега не можат да кажат до кога ќе останат новите цени и дали во блиска иднина ќе има корекции. Од таму само информираа дека од 1 февруари ќе почне да се применува општинската одлука за субвенционирање на сметките за гас во висина од 10 денари за потрошен кубен метар. Неколку години претходно општината го субвенционираше и секој нов приклучок во висина од по 100 евра. Во моментов во Струмица гас користат околу 400 физички и правни лица.