Македонија
14. January 2018 - 16:24

Струмичани се поклонија пред моштите на Св.Василиј Велики

Верниците од Струмица се поклонија пред моштите на столбот на светото православие Свети Василиј Велики. 

Во чест на големиот празник Обрезание Господово и оваа година Струмичката епархија ги изнесе моштите на големиот светец на поклонение од страна на верниците.

Веќе традиционално моштите беа изложени во црквата Свети Кирил и Методиј во која дојдоа голем број верници за да се поклонат пред останките од големиот светец и да се помолат за здравје за себе и своите семејства.

-Имаме посредник помеѓу Бога и нас. Струмица е свет град и таа светителска моќ Струмица што ја има ни дава помош и покровителство за искрено да го скаме Бога,  но и да живееме богоугодно. Свети Василие е наш патрон покрај Свети петнаесет и покрај заштитничката на целиот  македонски  православен народ Света Богородица, така и Свети Василиј е еден голем застапник, вели отец Димитар Крцев.

Моштите на Свети Василиј Велики Струмица ги има од 1830 година. Отец Димитар Крцев вели дека тие во Струмица пристигнале на чудесен начин, а нив ги донел војник кој во тоа време бил на служба во Кападокија.

-Од Кесарија кападокиска се донесени тука од наш војник кој што учествувал во редовната војска на турската империја. Тој така з ги абележал и бидејќи незнаеле турците што е тоа ги донел тука, вели отец Крцев.

Се до 1958 ретко кој знаел за големото духовно богатство кое го поседува единствено Струмичката епархија. Тие биле грижливо чувани од страна на црквата, но пред  верниците биле изложени пред околу дваесетина години кога на чело на епархијата дојде владиката Наум. Од тогаш во чест на празникот посветен на Свети Василиј секоја година  се изнесуваат за време на службите  со цел верниците да може да се поклонат пред нив.