Македонија
17. December 2021 - 12:26

Струмичани бараат право на избор за антиковид мерките

Граѓаните од Струмица кои бараат ковид мерките да бидат право на избор, а не обврска формираа здружение. Целта била во иднина да делуваат преку повисока форма и на тој начин да ги заштитат човековите права и слободи за кои сметаат дека  се прекршени. Тие не се ниту против вакцините, ниту против која било друга мерка што е донесена, но бараат  ниту една од нив да не биде задолжителна, туку за секоја мерка граѓаните да одлучат сами.

Од здружението веќе поднеле претставки до средните и основните училишта во општината со кои укажале дека обврската за задолжителното носење маска, но и мерењето на телесната температура значи кршење на многу човекови права.

И покрај тоа што иницијативата за формирање на здружението беше несогласувањето со ковид мерките неговите основачи велат ова нема да биде основната мисија. Најавуваат делување на повеќе полиња со цел промоција и заштита на човековите права и слободи.